Меган Маркл и принцот Хари присуствуваа на Endeavour Fund Awards, свеченост во чест на ветерани и воени лица кои постигнале огромен напредок во заздравувањето од повреда и зеле учество во спортски или авантуристички активности.
За таа прилика Меган носеше фустан, креација на Викторија Бекам и тегет салонки од Маноло Бланик.
Двојката откако го најави своето дистанцирање од британското кралско семејство, живее во Канада и САД.
Тие и официјално ќе започнат да функционираат независно од британската монархија на 31 март, а во Лондон се вратија за да ги исполнат и последните должности пред да се откажат од функциите во британското кралско семејство.