Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Од:

Норвешкото кралско семејство го тресе скандал откако беше откриено дека синот на идниот крал е обвинет за напад на неговата 20-годишна девојка.

Мариус Борг Хоиби беше уапсен минатата недела и помина 30 часа во притвор, а се соочува со една година затвор. Неговата девојка е хоспитализирана со потрес на мозокот.

27-годишниот сега ја призна вината и јавно и се извини на девојката.

„Минатиот викенд се случи нешто што никогаш не требаше да се случи. Извршив телесни повреди и уништување на предмети во станот во алкохолизирана состојба по расправија и кокаин. Имам неколку психички нарушувања, долго време се борам со злоупотреба на супстанци, поради што се лекував во минатото. Употребата на дрога и моите дијагнози не го оправдуваат она што се случи. Сакам да сносам одговорност за стореното, а ќе дадам искрен исказ во полиција. Најважно ми е да и се извинам на девојка ми. Таа не го заслужи тоа што се случи таа вечер, ниту екстремниот притисок од норвешките и странските медиуми после тоа“, рече тој.

Потоа му се извини на своето семејство кое беше многу потресено од овој немил чин.

Норвешкото кралско семејство не го коментираше случајот, а норвешките медиуми претходно објавија фотографии од станот во кој се случи инцидентот. На фотографиите се гледа нож заглавен во ѕидот и скршен лустер.

Би можело да ве интересира

Приведен 48-годишник од неготинско село за напад врз малолетниот внук

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Маж со телефон снимал брачен пар, па бил ранет со нож

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена

Во својот дом е нападната 40-годишна жена од Берово

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Воспитувачка во Франција удри мало девојче по грб и го испрска со течност

Предраг Петровиќ