Прифатени 1.430 пријави на гласачи од дијаспората, рокот завршува на 11 март

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) досега прифатила 1.430 пријави за гласање на македонски државјани што живеат или се на привремена работа во странство за претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април.

Од дипломатските конзуларни претставништва на Македонија до ДИК пристигнале 1.517 пријави, а прифатени се 1.430.

Најмногу прифатени пријави има од наши државјани од Венеција 164, потоа од Берлин 151, од Берн -136 и од Мелбурн 80.

Рокот за пријавување на нашинците за гласање во дијаспората завршува на 11 март на полноќ, како и јавниот увид во Избирачкиот список, што е во тек и се однесува на сите граѓани со право на глас.

Македонските државјани на парламентарните избори треба да гласаат на 11 април. Избори во дијаспората ќе се организираат само доколку за гласање се пријават околу 6.700 гласачи и доколку во местата за гласање има пријавено над 10 избирачи.

Би можело да ве интересира

Андреј Бабиш се враќа на власт: Победа на популизмот и нови предизвици за Чешка

Предраг Петровиќ

Трет ден кампања за Локалните избори 2025

ДИК: Потврдени се 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје

А1он

Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд

Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд