Некои горат постери, некои го благословуваат Трамп при посетата на Индија

Од:

Премиерот на Индија, Нарендре Моди го пречека претседателот на САД, Доналд Трамп, а во исто време хиндуистичко националистички и комунистички групи излегоа на улиците на Њу Делхи да пружат поддршка односно да протестираат против САД.

Групата хиндуистички националисти одржа молитвен состанок при што на постер со ликот на Трамп, на неговото чело ставија црвена точка, со што го благословија, додека свештеникот му посака успех во настојувањата за зајакнување на врските со Индија.

На друго место во Њу Делхи, десетици приврзаници на Комунистичката партија на Индија носеа транспаренти на кои пишуваше „Оди си Трамп“.

Демонстрации против Трамп имаше и во градовите Гаухати, Калкута и Хидерабад.

Генералната секретарка на Комунистичката партија, Дораисами Раџа го обвини Моди дека подлегнал на притисокот од САД за пристап до индискиот пазар наместо да ги штити интересите на Индија.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане

А1он

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Трамп го назначи конгресменот Мајк Волц за советник за национална безбедност

А1он

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

И Вучиќ се слушна со Трамп: Одличен разговор, најголема поддршка имаше од Србија

Предраг Петровиќ