Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Од:

Полицијата во Германија, особено во Берлин, очекуваат поголеми немири од вообичаено за време на првомајските протести поради блискоисточниот конфликт, соопштено е денеска.

„Полицијата мора енергично да реагира на инциденти на насилство, неуредно однесување и извикување антисемитски слогани“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

Најавено е дека ќе реагираат на секое глорификација на тероризмот, што вклучува поддршка за Хамас, како и на пароли кои го негираат правото на постоење на Израел, како пораката „Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“.

Во Берлин, според полицијата, некои од овогодинешните првомајски паради, кои традиционално ги организираат синдикати, левичарски политички организации и цркви, избрале рути низ делови од градот претежно населени со Арапи, поради што се очекува дека пропалестинските протести ќе се приклучат на првомајските протести.

Претставникот на берлинската полиција Бенјамин Јендро изјави дека полицијата е „добро подготвена“ и, меѓу другото, опремена е група полицајци кои зборуваат арапски и кои знаат да препознаваат антисемитски слогани.

– Околу 5.500 полицајци од целата земја ќе дојдат да и помогнат на полицијата во Берлин – рече тој.

По протестите на исламистите минатиот викенд во Хамбург, на кои се бараше воспоставување на шеријат во Германија и поддршка на Хамас, германската министерка Фазер е под притисок и забелешки дека не реагирала навреме да ги забрани овие протести.

Од друга страна, се очекува дека особено радикалните левичарски групи ќе ја искористат тензичната ситуација околу пропалестинските протести за да се пресметаат со полицијата. Насилните првомајски протести имаат долга традиција, особено во левичарските упоришта како Берлин и Хамбург.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија