Израелската актерка Митал Дохан (40) изјави за Ал Пачино дека „79-годишниот актер е престар“.
„Разликата во годините си го направи своето. Се обидов да не обрнувам внимание, но тој навистина е стар. Многу го сакав, но тоа не можеше да продолжи“, изјави Дохан.
Покрај тоа, таа вели, Ал Пачино не сакал да троши пари.
За целиот период во кој биле заедно, тој и подарил само букет цвеќе.
Ал Пачино имал многубројни врски, но никогаш не се оженил.
Актерот е татко на три деца, Џули, Антон и Оливија Пачино.
Заработката од филмовите во кои глумел изнесува околу 180 милиони долари