Ајакс го продаде Зијех за 40 милиони

Од:

Фудбалскиот клуб “Ајакс” одлично работи на финансиски план. Три дена по продажбата на Хаким Зијех за 40 милиони евра, холандскиот гигант ја пополни дупката во нападот за наредната сезона.

Управата на „копјаниците“ постигна договор со Сао Паоло за трансфер на Адријан за 20 милиони евра.

Олимпискиот репрезентативец на Бразил ќе се пресели во Амстердам во јуни. Дотогаш ќе остане во дресот на “Сао Паоло” за кој досега одигра 33 меча и постигна шест гола.

“Ајакс” забележа профит од над 150 милиони евра од продажба на играчи во сезоната 2018/19.

Матијс де Лихт го испрати во “Јувентус” за 85,7 милиони евра, Френки де Јонг во “Барселона” за 75 милиони евра и Каспер Долберг во “Ница” за 20,5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Холанѓаните се први четвртфиналисти на СП во Катар

Холандија повторно ги затвора стадионите поради корона кризата

Ана Ололовска

Затворен стадионот на холандски Нец откако се урна една од трибините

А1он

Депај постави нов рекорд во репрезентацијата на Холандија

Ана Ололовска

Вајналдум: Холандската репрезентација со право беше критикувана по натпреварот со Шкотска

Ана Ололовска

Тен Хаг потпиша договор со Ајакс до 2023 година

Жарко Настоски