Берис професионално изработува модели, бисти и маски од 2013 година, а бистата на Џокер е едно од неговите најдобри дела.
Бистата на познатиот антихерој ја правел еден и пол месец, но Берис вели дека вреди секоја секунда. Тој исто така рекол дека оваа биста е непроценлива.
Во изработката на ова уникатно дело му се придружиле професионални фризери и стилисти, со цел сите детали да бидат беспрекорни. Целта била да му се оддаде почит на актерот Хоакин Феникс и неговата улога на Џокер за која освои „Оскар“.
Во коментарите љубителите на филмот напишаа дека бистата изгледа толку реално што влева страв. Некои дури и не сфатиле дека станува збор за куп силикони, туку сметале дека е вистински човек.