Холивудската актерка Марго Роби беше главна ѕвезда на претставувањето на филмот „Birds Of Prey“ во Њујорк.
Згодната австралиска актерка влезе во центарот на вниманието откако се појави со Леонард Дикаприо во 2013-та година во филмот „The Wolf Of Wall Street“ и оттогаш ја носи титулата на една од најплатените актерки во Холивуд.
Марго владее на филмското платно, а на секој јавен настан, плени со својот изглед. Така беше и во Њујорк.
29-годишната русокоса блесна во бело, облечена во прилично ризично сако, со интересен дизајн, под кое не носеше ништо и црни широки панталони. Таа мораше да внимава да не покаже повеќе отколку што сака.