Макрон: Во интерес на ЕУ и на Полска е да се воспостави дијалог со Русија

Од:

Претседателот на Франција Емануел Макрон денеска во Варшава предупреди дека во интерес на Европската унија и на Полска е да се воспостави дијалог со Русија затоа што, иако овој дијалог е тежок, тој е предуслов за да се оди напред во решавање на кризата во Украина.

– Франција не е проруски глас. Таа не е ниту проруска ниту антируска. Франција е проевропска. Мислам дека кога ја гледаме мапата имаме исто чувство – дека Русија е во Европа, иако не е членка на ЕУ, и е наш сосед. Јас не сум наивен, но свесен сум дека е во наш интерес да се воспостави политички дијалог со Русија затоа што тој дијалог, иако е тежок, е предуслов за напредок во Украина, рече Макрон на заедничката прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Двајцата претседатели изразија уверување дека оваа посета е пресвртница во економската и одбранбената соработка, но и можност да се исклучат сомнежите и недоразбирањата во врска со некои отворени проблеми.

– Во духот на целосна отвореност, во разговорот со претседателот Анджеј Дуда изразив загриженост во врска со реформите во судството што се спроведуваат. Би сакал во наредните недели да видам засилен дијалог со Европската комисија. Полска е длабоко европска земја, а Полјаците се една од најпроевропските нации на континентот. Мислам дека е голема сила и сите треба да ја искористиме, рече Макрон.

Полскиот претседател исто така ги оцени денешните разговори со Макрон како позитивна пресвртница и ја истакна потребата ЕУ по Брегзит повторно да ги подели улогите и да ја „надгради архитектурата на ЕУ“.

– Да се направи тоа како што е најдобро за нашите земји и општества и ЕУ да функционира поефикасно во иднина, да биде атрактивна, да биде Унија од која никој повеќе нема да сака да си замине, затоа што едноставно ќе се исплати да се биде членка на ЕУ, рече Дуда.

Макрон е во дводневна посета на Полска, прва посета на француски претседател на Варшава за седум години.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани