Утре средба на работната група за законот за ЈО со сите пратенички групи

Од:

Нова средба на работната група за Предлог – законот за јавно обвинителство на која ќе присуствуваат претставници на сите пратенички групи ќе се одржи утре, најави министерката за правда Рената Дескоска.

– Заврши јавната расправа за Законот за јавното обвинителство. Во петок во 11 часот ќе се одржи средба на работната група со сите пратенички групи со цел да усогласиме текст кој ќе влезе во собраниска процедура, напиша на фејсбук министерката Дескоска.

Предлозите за номотехничко уредување на текстот ќе бидат испратени до работната група која го подготви Предлог – законот за Јавното обвинителство, но и до Секретаријатот за Законодавство која е надлежна институција по ова прашање.

Според Дескоска, овој Предлог – закон подразбира градење на силно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кој покрај тековните надлежности што ги има, ќе ги преземе и случаите коишто ги водеше СЈО.

Дескоска истакна дека во текот на дводневната стручна расправа во собраниската Комисија за политички систем биле изнесени неколку естрадни тврдења дека има неуставност во овој концепт, што според министерката е апсолутно неточно бидејќи концептот со зајакнати надлежности на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постои и во други земји.

Според Дескоска, добро е што и пратениците биле дел од јавната расправа и можеле да направат проценка кои ставови се аргументирани.

Би можело да ве интересира

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Се создаде атмосфера дека довербата во обвинителите е нереално ниска, вели Јовески во последното обраќање како државен обвинител

А1он

ВИДЕО: Политиката го крои и гостиварското обвинителство, Арслани го делат денови од победа за шефовското место

Кристијан Ландов

Спогодба со Кичеец, непостапување за 27 април, пучот на Заев – кои се обвинителите кои сакаат да гонат криминал со Русковска

Кристијан Ландов

Маричиќ, Јовески и Здравев ќе ја презентираат методологијата за прочистување на правосудството

Ана Ололовска

СЈО замина во историјата, предметите во рацете на Јавното обвинителство за организиран криминал

Ана Ололовска