Новинарката на која и беше суспендирано работното место во „Вашингтон пост“ поради „несреќното и ненавремено“ соопштение на Твитер за кривичните дела на Коби Брајант, е вратена на работа, соопштија денеска од весникот.
Отаму соопштуваат дека менаџментот на весникот извршил внатрешна ревизија и заклучил дека „иако биле несреќно напишани“ твитовите на новинарката во редакцијата за политика, Фелиција Сонмез, „не ја нарушија точно и директно нашата политиката за социјалните мрежи“.
Инцидентот се случи во неделата откако се дозна за трагичната несреќа со падот на хеликоптер во која животот го загубија НБА кошаркарот Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум лица.
Новинарката, на својот Твитер налог постави линк до прилог на порталот „Дејли бист“ од 2016 година. Во прилогот се говори за кривично дело кое против Брајант било покренато во 2003 година.
Тогаш, 19 годишна работничка во хотел во Колорадо го обвини спортистот за силување, но одби да оди на распит во суд.
Самиот Брајант ја призна својата вина со изговор дека погрешно разбрал дека сексуалниот однос меѓу нив бил обострано прифатен.
Кошаркарот потоа авно се извини за свиоте постапки. Случајот беше затворен со вонсудски договор кој остана недостапен за јавоста. Некои медиуми шпекулираат дека според договорот, девојката добила 2.5 милиони долари оштета.
Веднаш по објавениот твит, Сонмез добила повеќе закани кои таа ги репостирала во социјалните мрежи, и поради тоа од весникот добила привремен отказ од работа.
Но нејзини колеги од редакцијата и членови на синдикатот на „Вашинтон пост“ настапија во одбрана на нивната колешка, барајќи од изданието не само да ја врати на работа веднаш но и да ја заштити од постојаните закани.