„Утре ќе дојдам, увото ќе ти го исечам со нож“: ЗНМ бара итна реакција за закани кон новинарка на Алсат М

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара итна реакција за експлицитните закани упатени кон новинарката на Алсат М, Рита Бехадини на нејзината објава во врска со јавниот став од страна на оџата од Сарај на социјалната мрежа Фејсбук.

Колешката Бехадини денеска се обрати до ЗНМ со пријава дека во последните денови е мета на закани од лица со профили на социјалната мрежа Фејсбук, но посебно се одвојува една која содржи експлицитна закана.

Во објавата од извесен профил именуван како Fisnik Hoxha се посочува следната закана: ,,Ај избриши го постот што го напиша против оџата, семејството ќе ти го е****. Утре ќе дојдам пред Алсат, увото ќе ти го исечам со нож” и истата претставува директен повик за физичко насилство кон новинарката Бехадини со што се загрозува нејзината безбедност, а потенцијално и сигурноста на останатите колеги од овој медиум.

Оваа експлицитна закана по животот на новинарката Бехадини е пријавена до Министерството за внатрешни работи (МВР) до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и во исто време ЗНМ ќе инсистира на брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на авторот или авторите на оваа закана.

Укажуваме дека заканите по живот се кривични дела опфатени во Кривичниот законик за што е предвидена затворска казна за сторителите, а МВР и ОЈО, треба веднаш да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот, но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина.

За ваков тип на закани оваа година ЗНМ издаде Протокол за безбедност на новинарките на интернет кој нуди практични чекори како новинарите да постапат кога ќе бидат предмет на закана преку социјалните мрежи и воопшто на интернет, преку проактивна вклученост на МВР во заштита на новинарите и медиумските работници со посебен фокус на жените новинарки.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Гостиварец и се заканувал на адвокатка во нејзината канцеларија

Горан Наумовски

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава