Спречен атентат над познатата рускa новинарка Маргарита Симонјан

Од:

Главниот уредник на МИА „Русија Севодња“ и РТ, Маргарита Симонјан, зборуваше по соопштението на Федералната служба за безбедност на Русија дека е спречен обидот за нејзино убиство, планиран од украинските разузнавачки служби.

„Федералната служба за безбедност, заедно со Министерството за внатрешни работи и Истражниот комитет, уапсија група која го подготвуваше моето убиство по наредба на Украина. Ме следеа, ги знаеја сите мои адреси“, напиша Симонјан на Телеграм.

Покрај планот за атентат на Маргарита Симонјан, украинските специјални служби го подготвувале и убиството на руската новинарка и водителка Ксенија Собчак, се вели во соопштението на ФСБ.

Беше прецизирано дека на 14 јули во Москва и во регионот Рјазан биле уапсени членови на неонацистичката група „Параграф 88“, кои вршеле извидници „на адресите каде што живеат и работат целите на нападот“.

Уапсените велат дека за секое убиство требало да добијат околу милион и пол рубљи.

Против нив ќе биде покрената кривична истрага за екстремистички и терористички активности.

Би можело да ве интересира

Османи: Русија, а не западните демократии е причина за проблемите и нестабилноста на регионот

Предраг Петровиќ

Израел треба да ги знае правилата на војување, бројките на убиени цивили во Газа се страшни, смета Лавров

Орце Костов

Руска манекенка и нејзината ќерка пронајдени мртви

Предраг Петровиќ

Путин испрати предупредување до Западот: Нема да дозволиме никој да ја подели Русија

Шефот на НАТО: Русија сее раздор во Босна и Херцеговина, гледаме сецесионистичка реторика

Финска: Нема разговори со Русија