ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави Обвинителен предлог против 31-годишен жител на селото Грчец за кривично дело – Загрозување на сигурноста.

Обвинетиот по пат на информатички систем сериозно и се заканувал на една оштетена дека кон неа ќе изврши кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна.

„Заканите ги упатувал поради нејзиниот општествен статус како новинарка, а во врска со вршењето на нејзините професионални задачи кои ги презела во рамките на своите овластувања. Со намера да ја вознемири и исплаши, тој упатувал заканувачки пораки кон новинарката преку лажен профил на една социјална мрежа, барајќи од неа да избрише текст што го напишала и објавила, со што кај оштетената предизвикал чувство на загрозување, несигурност и страв.

По издадени наредби на јавен обвинител, МВР го идентификуваше сторителот на кривичното дело, за кое согласно Кривичниот законик е запретена затворска казна од една до пет години. Со ова, од вкупно пет регистрирани напади врз новинари и медиумски работници во текот на 2023 година за кои алармираше Здружението на новинари на Македонија, во три случаи сторителот е идентификуван и е поведена постапка. Од нив, во два предмети, врз основа на поднесените обвиненија, веќе е изречена и пресуда против сторителите на кривичното дело“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

Обвинителството бара притвор за Богоев и за тројцата вмешани во аферата „Царина“

Горан Наумовски

Обвинителство: Возач под дејство на дрога предизвика сообраќајка кај „Пластичарска улица“