Познатата американската кантри пејачка и светска ѕвезда Доли Партон го направи првиот чекор и го креираше “#DollyPartonChallange” кој стана вирален, особено кај своите колеги од Холивуд.
За многу кратко време сите познати личности го прифатија овој предизвик и започнаа со објавување на своите фотографии на социјалните мрежи.
Светски познатиот модел Наоми Кемпбел го прифати предизвикот и веднаш објави свои фотографии.
Станува збор за комбинација од четири фотографии од социјалните мрежи: “Линкедин” “Фејсбук” “Инстаграм” “Тиндер”.