ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата на работните групи за законот за Јавно обвинителство во Собранието, откако министерката за правда, Рената Десковска го одбила нивното барање во следните половина час да го повика државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да учествува во констриурањето на законот. Идејата за присуство на Јовески која ја предложи ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако тие прочитале негово интервју каде вели дека приоритет е носење на нов квалитетен закон за Јавно обвинителство.
„Јовески треба да присутен на дебатата бидејќи тој минатата година даде изјава, цитирам: ‘Она што е неопходно е носење на нов закон за ЈО, но квалитетен закон, а не некој со дневно политички влијанија’. Затоа сметавме, бидејќи е државен функционер, исто како Дескоска, мора да биде присутен на ваква средба која се однесува на предлог-законот за Обвинителството кое тој го раководи. Задоволни сме што Дескоска прифати да биде присутна стручната правна фела, но не сме задоволни бидејќи не прифати да го повика Јовески“, рече Милошески.
Пратеникот Милошески потенцираше дека според него и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, критиките од Јовески се премногу силни за да тој не учествува во работата на работните групи.
„Кога Дескоска ќе биде подготвена да го обезбеди присуството на Јовески, тогаш ќе преговараме. Острите критики на Јовески се премногу силни, за да го заобиколиме на вакви важни средби. Заев сака да создаде тврдина која ќе го заштити од кривичен прогон по изборите кои ќе ги изгуби“, додаде Милошески.