Меган Маркл и принцот Хари се разделија финансиски од кралското семејство, а нивната одлука се уште ја коментира целиот свет.
Познато е дека Меган не е во добри односи со нејзиниот татко, Томас Маркл, кој сега се сврте против неговата наследничка и нејзиниот сопруг.
Во интервју за британската телевизија, Томас Маркл ја обвини својата ќерка дека „ ја спуштила цена на институција како што е кралското семејство“ и го отфрлила сонот на секоја девојка само за пари“.
Во ТВ-документарецот, Томас Маркл објаснува дека „однесувањето на Хари и Меган е срамно, тие се претвораат во изгубени души, а кралското семејство во Волмарт со круна“.
„Не е тоа девојката што ја воспитав“, рече тој.
„Кога се омажи, таа презеде обврска, а дел од таа обврска беше да биде дел од кралското семејство и да го претставува кралското семејство. Глупаво е да не сака тоа да го направи“.