Ајакс ја обезбеди првата аквизиција за зимскиот преоден рок. Според пишувањата на холандските медиуми, тимот од Амстердам постигнал договор со Галатасарај за услугите на Рајан Бабел, а потврда за тоа даде и неговиот менаџер.
Договорот се однесува до крај на сезоната, фудбалерот се очекува на „Амстердам арена“ до утре по што ќе биде подложен и на неопходните лекарски прегледи.
Холанѓанецот имаше голема желба да се врати во Ајакс што неколку пати ја повторуваше во изминатиот период. Затоа се откажа и од голем дел од платата, додека, пак, Галатасарај се реши да го позајми поради финансиските потешкотии во кои е западнат клубот.
Бабел е под договор со Галатасарај до летото во 2022 година.