Пендаровски, Спасовски и Џафери ручаа кај г.г. Стефан за неговиот именден и за Божиќ

Од:

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божиќните празници и својот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, денеска приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв.

На божиќната трпеза присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Во соопштението не пишува од што се состоела божиќната трпеза.

Претседателот Пендаровски порача дека празничната топлина треба да инспирира за споделување мир, љубов и разбирање во текот на целата година.

Да се насочиме кон она што не обединува, а не она што не разликува и сите заедно да придонесуваме кон градењето заедништво, солидарност, меѓусебно почитување и напредок на општеството“, истакна Претседателот.

Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, а присуствуваа и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Спасовски: Славевски нема да добие поддршка од опозицијата

СДСМ повторно го поднесе Законот за поддршка на настраданите во Кочани

Катерина Ѓуровски

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ