Пејачката и актерка Џенифер Лопез е номинирана за Златен глобус за споредната улога во филмот “Hustlers”.
Во филмот таа ја глуми Рамона, стриптизета и самохрана мајка која заработува танцувајќи во ноќен клуб. Латино дивата не криеше дека е воодушевена од номинацијата.
На Јутјуб неодамна беше објавена жешка сцена од филмот за која сите зборуваат, во која Џеј Ло игра на шипка.
Интересно е дека Џенифер таа вештина ја научила само два и пол месеци пред снимањето. Секој ден вежбала по неколку часа со професионална танчерка, а за подобро да се подготви вградила шипки во своите три куќи во Мајами, во Лос Анџелес и во Њујорк. Нејзиниот партнер Алекс Родригез бил воодушевен.
„Жено гориш“, „Ова се најдобрите две минути во мојот живот“, се само некои од коментарите под видеото.