Што и да направи Џенифер Лопез, не може да ве остави рамнодушни. Таков е резултатот и по филмот „Hustlers“ каде ја игра стриптизета Рамона. Џеј Ло без срам целиот свој сексапил и перверзност ги истакна пред камерата, за подобро да го доближи до публиката ликот на Рамона.
Филмот е преполн со жешки сцени, особено два кадри, кои можат да се вбројат меѓу најперверзните во целата кариера на Лопез.
Станува збор за сцените каде Џенифер танцува во бело боди.
Актерката е верена за Алекс Родригез, но венчавката нема да биде во брзо време.
– Мораме да избереме датум, време и се да букираме, но дефинитивно разговараме за тоа, бракот ни е многу важен. И двајцата доаѓаме од традиционални латино семејства, рече Лопез.