Актерката Марго Роби по изборот на читателите на порталот „Ranked“ е најубавата жена за 2019-та година, по неа следува 34-годината Гал Гадот и 35-годишната Скарлет Јохансон, која оваа титула ја понесе минатата година.
Моментално прва на листата на најубавите жени е австралиската актерка Маргот Роби, која ја гледавме во последниот хит филм на Тарантино „Once Upon a Time in Hollywood“. Освен по талентот и чудесната моќ на трансформација, публиката и се диви и на нејзината убавина.
Јавноста често истакнува како е убаво да се види дама која не е склона кон пластичните операции и ботокс, а дури и нешто да сменила на себе, тоа не се забележува.
Нејзиното срце веќе со години припаѓа на еден човек, нејзиниот сопруг. За него се омажила во потполна тајност, една година откако се запознале, 2014-та година, а веселбата е одржана дури во 2016-та година во Австралија.
На второто место се наоѓа израелската убавица, поранешната мисица и актерка Гал Гадот, позната и како „Wonder Woman“.
На високото трето место, е жената која со години важи за една од најубавите, Скарлет Јохансон. Таа наскоро ќе се омажи по трет пат, наведуваат американските медиуми.