Шекеринска, Димитров и Јанкович се состанаа пред Лондонскиот самит: Членството во НАТО е само почеток на процесот

Од:

Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи владината делегација, во чиј состав ќе бидат и министрите за одбрана и за надворешни работи, Радмила Шекеринска и Никола Димитров, која на 3 и 4 декември на Самитот на НАТО во Лондон ќе седне на иста маса со лидерите на земјите членки на Алијансата.

За десет месеци Протоколот за пристапување на земјава во НАТО е ратификуван од 28 од вкупно 29 членки, а во завршната декларација од Самитот предвидено е во посебен параграф да биде забележано дека земјата е добродојдена како 30 членка.

Во Скопје денеска се одржа последниот координативен состанот пред престојниот Самит, на кој министерката за одбрана Радмила Шекеринска, шефот на дипломатијата Никола Димитров и шефот на канцеларијата на НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанкович.

Шекеринска по состанокот изрази благодарност до полковникот Јанкович во име на Владата, но и граѓаните, бидејќи, како што рече НАТО канцеларијата беше тука и во добро и во лошо.

-За неколку дена во Лондон се организира лондонскиот лидерски Самит, на кој прв пат ќе имаме прилика да седнеме на иста маса со лидерите на најмоќната Алијанса во историјата на човештвото. Прв пат нема да дозволиме некој друг да дискутира за нас, туку ние ќе седнеме на масата, на која се носат одлуки кои имаат важност во светски рамки, нагласи Шекеринска.

Таа напомена дека политиката на отворени врати вродила со плод, со добивање на уште една, 30 членка на Алијансата.

Димитров напомена дека земјата ја дели само една ратификација од полноправното членство во НАТО и истакна дека веќе е подготвен нацрт-закон за ратификација на Северноатлантскиот договор.

Потсети дека неодамна учествувал по втор пат на министерски состанок на ниво на шефови на дипломатии на земјите од НАТО во Брисел.

-Укажав дека нашиот ентузијазам го насочуваме во завршување на реформите, ја почитуваме заложбата во однос на споделувањето на товарот, како што кажа генералниот секретар Столтенберг, убаво е да се има пријатели, моќни пријатели, рече Димитров.

Полковникот Јанкович изрази задоволство што имал можност со Шекеринска и Димитров да направат резиме на сите случувања и активности пред престојниот Самит, на кој, како што рече, ќе се дискутираат важни прашања за Алијансата.

-Ќе имате можност да седите на иста маса со лидерите на НАТО, што е важен знак за вашата посветеност и напорите, што ги направивте изминатите две години. Ова е резултат на работата на оваа Влада, но ќе потенцирам дека тука голема заслуга имаат министерствата за одбрана и за надворешни работи, посочи Јанкович.

На прашањето на што ќе треба да се фокусира земјата по официјалното членство, Јанкович рече дека досега напорно се работело, а понатаму треба да се продолжи во насока на интеграција на структурите на Армијата, Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи.

Шекеринска се надворза дека тешката работа не завршува со членството, во многу сфери ќе треба да се вложат големи напори, но олеснителна околност е што земјата во тој процес ќе има поддршка од 29-те сојузници.

Таа додаде дека НАТО е добра платформа за работа и со ЕУ сојузниците. – НАТО и ЕУ се природни и силни партнери и сојузници во желбата за потребите за еден економски стабилен и мирен свет, додаде министерката за одбрана.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски