Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Од:

Борбен авион на НАТО синоќа, веднаш по полноќ, собори дрон над Литванија, соопшти литванскиот Национален центар за управување со кризи.

Дронот, за кој се претпоставува дека влегол од Белорусија, бил соборен во близина на селото Праткунаи, во јужниот дел на Литванија, недалеку од Каунас, вториот по големина град во земјата.

Портпаролот на Центарот изјави дека допрва треба да се утврди кој бил сопственик на беспилотната леталка.

Претходно била издадена тревога поради појава на дрон и во главниот град Вилнус и околниот регион.

Авионите од мисијата на НАТО за балтичка воздушна одбрана патролираат над Латвија, Литванија и Естонија откако трите балтички земји се приклучија на Алијансата во 2004 година.

Авионите на мисијата претходно соборија залутани украински беспилотни летала над Естонија во мај, како и над Латвија во јуни и август.

Воените дронови кои залутале во воздушниот простор на соседите на Русија предизвикаа загриженост дека војната во Украина се прелева и надвор од границите на НАТО.

Украина ги засили нападите со беспилотни летала со долг дострел врз Русија, вклучително и во областа на Балтичкото Море. Неколку украински воени дронови претходно залутале во воздушниот простор на Финска, Латвија, Литванија и Естонија.

Украина за инцидентите ја обвини Русија, тврдејќи дека електромагнетното војување влијаело врз траекториите на дроновите.

Би можело да ве интересира

Москва е загрижена од плановите на НАТО

Русија подготвена да им испорача на САД неограничени количества дизел, три танкери веќе пловат кон Северна Америка

Европската унија уште е многу зависна од руските енергенси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинците го нападнаа Белгород, има жртви и големи штети

ВИДЕО: Трамп откри план за Русија и Украина по завршувањето на војната

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина