Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Од:

Четворица италијански војници се повредени за време на воена вежба во Летонија, откако во нивното возило по грешка пукаше друго италијанско воено возило.

Инцидентот се случи за време на вежба со боево гаѓање на воениот полигон Адажи, во рамки на активностите на НАТО. Според информациите што ги објави порталот „Ил Соле“, рафалот случајно бил испукан од вооружувањето на едно оклопно возило од типот „Дардо“ кон друго возило од истиот тип, кое се движело пред него.

Во погоденото возило се наоѓале четворица италијански војници. Еден од нив се здобил со тешки повреди, иако според досегашните информации неговата состојба е стабилна и ниту еден од четворицата не е во животна опасност. Сите повредени војници веднаш добиле прва помош, а потоа се пренесени во болница во Рига, каде се на лекување и дополнителни медицински прегледи.

Италијанските власти наведоа дека војниците веќе стапиле во контакт со своите семејства. Состојбата на најтешко повредениот војник исто така е стабилна, и покрај тоа што неговите повреди се оценети како посериозни во однос на повредите на останатите.

Инцидентот се случи за време на вежбата со боево гаѓање. Погоденото возило се движело пред другото оклопно возило, а неговиот заден капак бил отворен – веројатно затоа што војниците се подготвувале за излегување од возилото.

Во моментов се истражуваат околностите под кои дошло до случајното испукување. Отворена е истрага за да се утврди како дошло до пукањето и дали имало пропусти во спроведувањето на безбедносните процедури.

Оклопното возило „Дардо“ е едно од стандардните борбени возила на италијанската војска, а инцидентот се случи за време на активностите на Адажи, голем воен полигон во Летонија кој се користи и за меѓународни воени вежби.

Истрагата за околностите на несреќата е во тек.

Би можело да ве интересира

Прва средба по повеќе од четири години: Лавров разговараше со германскиот шеф на дипломатијата Вадефул

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) На работ на пропаст: Нема храна, вода ни лекови, луѓето од очај јадат трева

Колапс на системот: Кина итно побара од САД да престанат

Апсења во Њујорк: Нова закана за Нетанјаху?

(ВИДЕО) Парализа на Украина: Русите отворија нов фронт

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва