Вук Јеремиќ исклучен од Демократската партија

Од:

 Поранешниот министер за надворешни работи на Србија и актуелен претседавач со Генералното собрание на ОН, Вук Јеремиќ, синоќа беше исклучен од Демокртаската партија (ДС).

Статутарната комисија на Демократската партија донела едногласна одлука да се одбие жалбата на Вук Јеремиќ на претходната одлука на Извршниот одбор на ДС за негово исклучување од партијата.

Со ова Јеремиќ е исклучен од членството во ДС, а одлуката на Статутарната комисија е конечна, се наведува во кусото партиско соопштение.

Претходно, Извршниот и Главниот одбор на ДС донесоа ваква одлука откако високиот функционер на партијата и поранешен шеф на српската дипломатија одби да го врати пратеничкиот мандат, односно заради непочитување на одлуката на Главниот одбор на ДС и кршење на Статутот на партијата.

Јеремиќ на 19 февруари до Уставниот суд на Србија поднесе иницијатива за оценка на уставноста и законитоста на одлуката за негово исклучување.

Лидерот на ДС, Драган Ѓилас, го повика  Јеремиќ во недела, на 17 март, да присуствува на собранието на демократите, а поранешниот пратеник, преку својот Твитер профил, синоќа го потврди своето доаѓање.

Несогласувањата и исклучувањата од ДС почнаа откако Драган Ѓилас беше изабран за претседател на оваа партија, а раководството зазеде став пратениците, кои во претходната влада имаа високи функции, дека треба да го вратат пратеничкиот мандат.

Од редовите на демократите е исклучен и поранешниот министер за земјоделие, Душан Петровиќ, кој со уште петмина партиски колеги во српскиот парламент веќе формира посебен пратенички клуб и најави формирање на партијата „Заедно за Србија“.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија