Покриена со качулка на главата и двајца полицајци кои ја носеа под рака, ексшефицата на СЈО Катица Јанева беше донесена од истражниот затвор во Шутка во станот на нејзиниот син, Лазар, каде ќе биде во домашен притвор.
Јанева не одговори на ниту едно новинарско прашање, каква е нејзината здравствена состојба, дали се чувствува виновна и дали е задоволна од одлуката на Апелацискиот суд.
Апелациониот суд Скопје попладнево ја прифати жалбата на Јанева и мерката притвор ѝ ја замени со мерка куќен притвор.
Таа беше притворена во затворот во Шутка од 21 август, кога беше уапсена како второосомничена во случајот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец. Од нив, само Бојан Јовановски остана во истражниот затвор.
Првото рочиште за „Рекет“ треба да почне во Кривичниот суд на 3 декември.