Официјално Samsung го претстави најновиот мобилен телефон Galaxy S4.
Овој телефон ќе го краси поголем екран, односно во дијагонала 5 инчи, со Full HD резолуција од 1920×1080 пиксели.
Иако екранот ќе биде поголем, неговата обвивка е намалена поради новите карбонски материјали од кои е направено куќиштето.
Што се однесува до хардверските карактеристики, S4 има моќен Exynos Octa 8 јадрен процесор, со 1.8 GB RAM, како и камера со резолуција од 13 MP и предна камера од 2 MP и интересна опција во која ќе може двете камери да снимаат истовремено.
Како и сите модели досега ќе работи на оперативниот систем Android, односно неговата последна верзија 4.2.2.
Батеријата ќе биде со 2600 mAh, и ќе може да се вади од телефонот по потреба.