Лидерот на Хонгконг, Кери Лам, денеска изјави дека е тажна заради тоа што во антивладините протести за време на викендот во градот имало и повредени лица.
Таа кажа дека кинескиот претседател Си Џинпинг во текот на вчерашните разговори во Шангај изразил внимение и загриженост кон Хонгконг, пренесоа британските медиуми.
Кинескиот претседател се сретна со Лам на маргините на Вториот меѓународен трговски саем ЕХПО во Шангај, а кинеската агенција Синхуа јави дека тој изразил високо ниво на доверба на својата влада дека Лам ќе ја стабилизира ситуацијата во оваа полуавтономна кинеска област.