Во протестите во Хонгконг 29 отсто од уапсените се ученици и студенти

Од:

Од уапсените речиси 1.600 лица во протестите во Хонгконг од јуни, 29 проценти се студенти и ученици, соопшти полицијата, повикувајќи ги младите луѓе да тргнат „по вистинскиот пат“, додека овој викенд се подготвуваат големи демонстрации во Хонгконг.

Шефот на полициското одделение за односи со јавноста Це Чун Чунг рече дека само овој месец се уапсени 207 ученици и средношколци и покрај почетокот на учебната година, а во јули и август се уапсени 257 лица.

Тој додаде дека бројот на тинејџери кои учествуваат во насилни злосторства се зголемува и дека некои веќе се осудени.

– Меѓу нив 16-годишник е обвинет за предизвикување пожар, за што му се заканува доживотен затвор, и девојче од 13 години кое е обвинето за сквернавење на кинеското знаме, но и многу тинејџери се обвинети за напад врз полицајци и поседување оружје, рече Це .

Младите во голем број ги предводеа протестите во Хонгконг кои почнаа поради законот за екстрадиција, кој во меѓувреме беше повлечен.

Би можело да ве интересира

Се подаруваат 500.000 авионски карти

Статуата посветена на жртвите на плоштадот Тјенанмен е отстранета од Универзитетот во Хонгконг

Први парламентарни избори во Хонгконг

Хонкгонг: Одбележана годишнината од ланските судири со полицијата

Жарко Настоски

О’Брајан: САД ќе воведат санкции за Кина доколку го примени законот за Хонгконг

Ландов

Новогодишни протести во Хонгконг