Федерер размислува да стави крај на кариерата

Од:

Роџер Федерер изјави дека е сигурен дека ќе игра до Вимблдон 2020, но не е сигурен дали ќе учествува на друг турнир.

38-годишниот играч не успеа да победи на ниту еден од последните шест Гренд Слема, бидејќи се чини дека времето конечно малку се фатило за него.

Федерер признава дека имало дискусии за тоа кога и како да се стави крај на неговата кариера – со тоа што Олимписките игри во Токио се истакнати во неговите мисли.

„Внатре во себе, решив дека сакам да играм до Вимблдон“, рече Федерер.

„Сега сум зафатен со изборот за Токио. Веќе разговарав за тоа со мојот тим и прашав како го гледаат тоа. Разговарав и со Мирка (неговата сопруга). Дефинитивно ќе донесам одлука во текот на следните недели. За мене е само важно да имам турнири и да уживм во одморот, да имам доволно време за моето семејство.“, објасни Федерер.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ