Повторно судири помеѓу полицијата и демонстрантите во Хонгконг

Од:

Демонстрантите и полицијата денеска повторно се судрија во Хонгконг. Демонстрантите вперувале ласери во полицајците, а некои и фрлаале тврди предмети преку поставените бариери.

Полицијата возврати со солзавец и воден топ врз демонстрантите.

Веќе 13-ти викенд по ред траат демонстрациите во Хонгконг, а полицијата во четвртокот првпат одлучи да ги забрани протестите. Во образложението на полицијата се наведува дека протестот е забранет поради тоа што демонстрантите, набљудувачите, полицајци и новинари за време на протестите се здобиле со „сериозни повреди“.

Претходно, денеска во Хонгконг се одржа Христијански марш, на кого учествуваа околу илјада луѓе. Учесниците пееја религиозни песни и извикуваа пароли на продемократското движење.

Протестите почнаа поради Законот за екстрадиција, кој во меѓувреме беше суспендиран, а прераснаа во антивладини, откако полицијата употреби прекумерна сила.

Протестите се прва сериозна политичка криза во Хонг Конг откако поранешната британска колонија беше вратена под управа на централната Влада во Пекинг пред 22 години.

Би можело да ве интересира

Се подаруваат 500.000 авионски карти

Статуата посветена на жртвите на плоштадот Тјенанмен е отстранета од Универзитетот во Хонгконг

Први парламентарни избори во Хонгконг

Хонкгонг: Одбележана годишнината од ланските судири со полицијата

Жарко Настоски

О’Брајан: САД ќе воведат санкции за Кина доколку го примени законот за Хонгконг

Ландов

Новогодишни протести во Хонгконг