„Скај Италија“: Барса и ПСЖ се договорија за Нејмар

Од:

Шефовите на Пари Сен Жермен и Барселона се договорија за трансферот на Нејмар, тврди „Скај Италија“. Договорот ги вклучува Иван Ракитиќ и Жан-Клер Тодибо, како и мултимилионски износ, што не е споменат. Преговорите продолжуваат,со цел да се разјаснат деталите на договорот. Еден од големите новинарски авторитети, Џанлука ди Марцио исто така го потврди договорот.

Претседателите на Барселона и Пари Сен Жермен – Пеп Бартомеу и Насер Ал-Калаифи – се сретнаа денес во Монако пред ждрепката во Лигата на шампионите. Очекувањето на шпанските медиуми беше токму овој разговор да го „отклучи“ трансферот на Нејмар.

Газдите на двата клуба разговарале на телефон кон крајот на минатата недела, а денешната средба во близина на Азурниот брег била за да се видат „лице в лице“ и да зборуваат за „жешката“ тема.

„Мундо Депортиво контактирал со нивните извори на „Камп Ноу“ веднаш по објавувањето на вестите и тие негирале дека има договор. Популарниот новинар Гилем Балаге изјави дека договорот е близу, но сè уште не е постигнат.

Во меѓувреме, Нејмар продолжува да тренира со ПСЖ, чекајќи го исходот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски