Нема обвиненија против Усеини за тепачките, Обвинителството не знае за нападот врз Илјази

Од:

Основното јавно обвинителство во Охрид сè уште нема отворено нов предмет против советникот Нефи Усеини за нападот на професорот Илјаз Илјази, кој се случи пред речиси еден месец. Оттаму велат дека од СВР Охрид сè уште не им е доставено известување ниту, пак, кривична пријава. Илјази, откако беше натепан од Усеини, со лекарски извештај потврди дека имал видливи повреди и отоци поради удари во пределот на главата.

„До нас не е доставено известување или кривична пријава“, велат од ОЈО за „А1он“.

Од МВР засега нема информација зошто документацијата за физичкиот напад на професорот Илјази не е доставена до Обвинителството иако уште првиот ден во полициската станица беа испрашани сведоците на настанот. До СВР Охрид е доставена и комплетна медицинска документација од нападнатиот Илјази, како и снимка од инцидентот, која „А1он“ ја објави.

Илјази за „А1он“ вели дека од полицијата му кажале дека постапувајќи по службена должност, предметот ќе го достават до ОЈО Охрид, а не му е познато до каде е случајот оти никој не го известил. Тој вели дека го загрижува тоа што лагите и неправдата и натаму функционираат во државата.

„Ми рекоа дека кога обвинението ќе биде процесирано низ судска постапка, тоа ќе можам да го надополнам. Сепак, кога има вакви случаи како мојот, еуфоријата трае една недела и потоа сето тоа се заборава. Тоа се судбината на обичните луѓе. Јас ќе барам адвокат за да си ги реализирам своите права. Можеби би ме обесхрабриле трошоците и временските ограничувања. Но, ќе се обидам да побарам одговорност“, вели Илјази за „А1он“ додавајќи дека очекува надлежните органи ќе си ја исполнат обврската.

Обвинение против Усеини не е подигнато ниту за случајот во кој пред повеќе од два месеца тој го натепа својот колега Џемал Мена, кој е член на Советот во Општина Охрид. За овој предмет сослушани беа сите советници во Општината кои присуствувале на седницата кога се случил инцидентот вклучувајќи го и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.

„Во тек е предистражна постапка. Во рамките на таа постапка се сослушуваат сведоци и оштетените и се прибира потребната документација“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Советникот е познат и по двете дивоградби што ги изгради во Охрид, објектот кај Чинарот и бетонската база на стариот пат Охрид – Струга. Во април годинава Усеини нападна и инспектор од Скопје, кој сакаше да изврши инспекциски надзор на сега дивоизградената пицерија кај Чинарот. Ниту за овој случај обвинителот што го води предметот нема донесено јавнообвинителска одлука иако изминаа речиси пет месеци од инцидентот.

Усеини и во минатото бил осуден за кривично дело насилство. Судот еднаш изрекол условна казна, а кога Усеини го повторил делото, тој добил два пати казна затвор од по неколку месеци.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Влае: Ученик нападнал наставници, кршел инвентар и истепал соученици

Горан Наумовски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

Петмина загинати во нападот во Сиднеј

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он