Русија со нов удар врз украинската логистика: Погодени камиони и цистерни

Од:

Руските сили извршија напади врз паркиралишта со камиони и автоцистерни кои, според тврдењата на руското Министерство за одбрана, ги користеле украинските сили.

Како што беше соопштено во Москва, беспилотни летала „Герањ-4 сикер“ погодиле паркиралишта со камиони во Одеската и Дњепропетровската област.

Според руското Министерство за одбрана, возилата се користеле за транспорт на дронови и компоненти, како и за доставување и привремено складирање горива и мазива.

Од руското Министерство наведуваат дека уништувањето на целите било потврдено со средства за објективна контрола во реално време.

Беа објавени и снимки за кои руското Министерство за одбрана тврди дека го прикажуваат нападот врз железнички композиции со кои се превезувал воен товар.

Според наведените информации, нападот бил изведен во близина на местото Вишњево со употреба на беспилотни летала „Герањ-4 сикер“

Би можело да ве интересира

Русија ѝ се закани на Австрија

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната