Илјази за нападот од Усеини: Ме маваше со тупаници, ми рече дека ќе ме убие

Од:

Професорот Илјаз Илјази вели за „А1он“ дека советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, го удирал со тупаници, што резултирало со повреди. Илјази додава дека се чувствува загрозено бидејќи Усеини му се заканувал дека ќе го убие, влечејќи го пред неговата зграда. До инцидентот дошло откако Илјази како претседател на куќен совет пријавил во „Водовод“ дека имаат проблем со водата, а екипи утврдиле дека некој на диво се приклучил на нивната мрежа.

„Нашата зграда имаше проблем со водата, имаше слаб притисок. Јас како претседател на куќниот совет викнав екипи од ‘Водовод’ да видат каде е проблемот. Тие излегоа на терен и ме известија дека има див приклучок на нашата водоводна мрежа. Утрово на околните објекти работеа мајстори. Јас повторно повикав екипи од ‘Водовод’ поради истиот проблем. Во меѓувреме, додека седев на балконот, ме повика комшијата. Кога се симнав, од нигде никаде се појави тој Усеини, кого до тогаш не го познавав, ни кој е, ни што е“, вели Илјази за „А1он“.

Професорот Илјази вели дека Усеини не разговарал со него, туку веднаш физички се пресметал. Во тој момент Илјази му рекол „Почекај да видиме што е работава“, по што Усеини му вратил „Јас сум советникот Нефи, јас ќе те убијам тебе“.

„Со него имаше уште едно лице кое тргна да ме нападне. Во тој момент Усеини му рече на албански ‘Немој да го удираш, јас ќе го удрам, мене ништо не ми може’, на ова јас реагирав ‘Има закон’. Ме влечеше на патот. Ми викаше дека не смеам да газам на земјиштето“, додава Илјази во изјава за „А1он“.

Попладнето професорот дал изјава во полиција, каде што потенцирал дека не се чувствува сигурно и дека бара полициска заштита поради смртните закани што ги упатил Усеини кон него. Илјази тврди дека постапката ќе ја тера до крај, а очекува Усеини да добие соодветна казна.

Ова е трет напад за неколку месеци во кој учествува Усеини. Тој во април нападна инспектор од Скопје, кој сакал да изврши надзор на дивоградбата што ја гради советникот во Општина Охрид. Во јуни, пак, Усеини го натепа неговиот колега од советот, Џелал Мена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка