Индијка 12 години штрајкува со глад

Од:

Индијката Иром Шармила веќе 12 години штрајкува со глад, бидејќи протестира поради законот кој на војниците им дозволува да убиваат без кривично гонење и да затвораат без налог екстремисти во индијскиот дел на Кашмир.

Против Шармила (40) која по налог на власта на сила се храни со цевче преку нос, денес е поднесно обвинение за обид за самоубиство.

Таа стана симбол на борец за поништување на законот, кој и на полицијата и дава големи овластување во претресите и запленување на имоти.

Храбрата индијка последниот доброволен оброк го изела на 4-ти ноември 2000 во Импала, главен град во Манипур.

Според индискиот закон еднаш годишно мора да биде ослободена за да се види дали почнала да јаде. Бидејќи досега тоа ниту еднаш не се случило, Шармила била враќана во притвор и насилно хранета.

Денес се појави во судот на рочиштето по обвинението за обид за самоубиство и изјави дека не е крива.

Си го сакам животот. Не сакам да си го одземам, но ја сакам правдата и мирот- изјави таа.

Доколку биде ослободена ќе се соочи со едногодишна казна затвор. Шармила истакна дека ќе продолжи со штрајкот со глад, се додека не се повлече спорниот закон.

Организацијата за заштита на човекови права ја обвини индијската војска дека го користи законот за да малтретира и убива осомничени демонстранти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати