Катица Јанева се врати на работа, нема добиено покана за распит во ЈО

Од:

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е вратена од годишен одмор и од денеска е официјално на работа, но засега не е повикана да даде исказ во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“.

Од СЈО потврдуваат дека Катица Јанева денеска се јавила редовно на работа, по завршување на годишниот одмор и дека се уште нема добиено никаква покана од Јавното обвинителство да се јави на распит.

Во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“ беа споменати СЈО, Катица Јанева и обвинителката од СЈО Лиле Стефанова.

Стефанова, која го води предметот „Империја“, е повикана утре во Јавното обвинителство да даде исказ за случајот „Рекет“.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Адвокатот Стојков кој го однесе Палевски во Белград на распит во полициска станица

Александар Тодески

На распит во Обвинителство сите инволвирани во изборот на надзорот за автопатите на „Бехтел и Енка“

A1on