Демонстрантите влегоа на аеродромот во Хонгконг и делат флаери

Од:

Демонстрантите во Хонгконг влегоа во зоната на пристигнувања на аеродромот, каде на патниците им делат флаери и поставуваат транспаренти на повеќе јазици.

Тоа се случува непосредно пред протестите планирани за претстојниот викенд низ градот, со цел туристите да ги запознаат со ситуацијата во Хонгконг и со своите барања.

Некои од пораките на флаерите се „Ве молиме да ни простите за Неочекуваниот Хонгконг“ и „Дојдовте во скршен, разурнат град, а не во оној што го замислувате. Сепак, ние се бориме за овој Хонгконг“.

Неколку стотина, главно млади луѓе во црни маици делеа летоци со цртежи кои ги опишуваат двомесечните протести, кои доведоа до најголемата криза во тој град откако Велика Британија во 1997 година и го врати на Кина.

Раководството на аеродромот во Хонгконг соопшти денеска дека само на патниците кои пристигнуваат и кои имаат пасоши ќе им биде дозволено да влезат на терминалот, откако демонстрантите најавија тридневен протест за да им укажат на туристите за ситуацијата во градот.

Властите во Хонгконг денеска се обидоа да ги уверат посетителите дека градот е безбеден, откако претходно неколку земји издадоа предупредување за безбедност во врска со протестите.

Портпарол на Владата напиша преку електронска пошта дека неодамнешните блокади на патиштата и судирите меѓу полицијата и демонстрантите биле непријатни, но дека се случувале на ограничени подрачја. Во соопштението се додава дека Владата и туристичките организации се подготвени да им помогнат на посетителите на Хонгконг во секое време.

Во Хонгконг веќе два месеца се одржуваат масовни улични протести, првично против законот за екстрадиција, а потоа и против полициското насилство. Последните денови демонстрантите бараат поголеми демократски права.

Би можело да ве интересира

Се подаруваат 500.000 авионски карти

Статуата посветена на жртвите на плоштадот Тјенанмен е отстранета од Универзитетот во Хонгконг

Први парламентарни избори во Хонгконг

Хонкгонг: Одбележана годишнината од ланските судири со полицијата

Жарко Настоски

О’Брајан: САД ќе воведат санкции за Кина доколку го примени законот за Хонгконг

Ландов

Новогодишни протести во Хонгконг