Британските лабуристи поддржуваат нов референдум за независност на Шкотска

Од:

Лабуристичката партија треба да и дозволи на Шкотска нов референдум за независност, доколку за такво нешто се изјасни шкотскиот Парламент, изјави вториот човек на најсилната британска опозициска партија, Џон Мекдонел.

Гардиан пренесува дека на еден настан на фетивал во Единбург, Мекдонел кажал дека лабуристите не би требало да го блокираат второто изјаснување на Шкотланѓаните за независност.

-Ние не би требало да го блокираме тоа изјаснување. Шкотскиот народ нека одлучи. Тоа е демократијата, рече Мекдонел, пренесуваат британските медиуми.

Според резултатите од анкетите на јавното мислење, објавени во понеделникот, мнозинството Шкотлаѓани ја поддржуваат независноста од Велика Британија и се залагаат за оддржување нов референдум во рок од две години.

Повеќето граѓани на Шкотска беа против излегувањето на Велика Британија од Европската унија, до што дефинитивно ќе треба да дојде на 31 октомври.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска