Косово одбележува 16 години од независноста

Од:

На 17 февруари се одбележува годишнина од независноста на соседно Косово. Поранешната српска покраина денеска е независна држава, иако се уште е предмет на спор и дискусии со Србија.

Имено, Белград и до ден-денешен не ја признава независноста на Косово. Истовремено, во официјална Приштина се подготвуваат низа прослави и настани по овој повод. Од друга страна, српската страна се уште стои на ставот дека со признавањето на Косово е прекршен меѓународниот правен поредок, потсетувајќи дека на денешниот датум пред 16 години повеќе од половина од членките на ОН биле против независноста.

Косовскиот премиер Албин Курти нагласува дека во последните 16 години се гради држава со стабилен правен систем, која нуди еднакви можности за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски