Хонгконг се соочува со најголемата криза откако се врати под власта на Кина, во 1997 година, изјави денеска шефот на кинеската канцеларија за Хонгконг и Макао, Занг Џиаоминг.
Како што пренесуваат британските медиуми, тој ова го изјавил на форум во Шензен, на кој присустувала и делегацијата на Хонгконг во кинескиот Парламент.
Во Хонгконг веќе подолго време се оддржуваат протести заради предлог законот за екстрадиција, со кој се овозможува на осомничените лица од Хонгконг да им се суди во Кина.