Полицијата во Хонгконг денеска повторно употреби спреј и палки во растерувањето на демонстрантите кои се собраа пред една полициска станица во градот.
Во полициската станица се наоѓале други притворени демонстранти, јавија западните агенции.
Полицајците во опрема за разбивање демонстрациии со палки и штитови излегоа пред зградата на полициската станица за да се соочат со демонстрантите кои веќе со недели бараат поголема демократија во оваа поранешна британска колонија.
Претходно денеска, полицијата отвори судска постапка против 44 од веќе притворените демонстранти, кои учествуваа во пресметките со полицијата во претходните протести. За таквото кривично дело може да добијат и до десет години затвор.
Протестите во Хонгконг почнаа поради противењето на граѓаните на предлог законот за естрадиција што предвидува предавање на осомничените криминалци на Пекинг. Противниците на овој предлог закон сметаат дека тој претставува закана за слободите на граѓаните на Хонгконг, гарантирани во текот на следните 50 години, почнувајќи од 1997 година, кога Кина Кина повторно ја презеде контролата врз оваа поранешна британска колонија.