Францускиот шампион ПСЖ ја одбил понудата на Барселона да и понуди четири нејзини фудбалери во размена за Нејмар.
Според „Билд“, управата на Барселона му понудила на тимот од Париз четири свои фудбалери Филип Кутињо, Оусман Дембеле, Самуел Умтити и Нелсен Семедо, од кои може да избере тројца како замена за Нејмар.
Сепак, одговорот од Париз беше негативен, бидејќи како што пишува „Билд“ ПСЖ не е воодушевен од предлогот од многу причини.
Сепак, од францускиот клуб соопштија дека на Нејмар ќе му дозволат да оди во случај на вистинска понуда, со што им дадоа до знаење на Каталонците дека ќе мора да се вратат со нова понуда.
Инаку, бразилскиот фудбалер дојде во ПСЖ токму од Барселона во 2017 година, а Французите тогаш за него платија рекордни 222 милиони долари, со што Бразилецот стана најскапиот фудбалер на сите времиња.