Путин: Немаме агресивни намери кон никого

Од:

Русија нема агресивни намери кон кого било, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, по завршувањето на дводневниот самит на Г-20 во јапонскиот град Осака.

Руската новинска агенција ТАСС пренесува дека Путин на тој начин ја прокоментирал оценката на британската премиерка Тереза Меј дека обновувањето на врските на Велика Британија со Русија е невозможно се додека Москва не ја прекине „агресивната политика“.

– Имам добри вести за вас. Никогаш не сме имале каква било намера да направиме агресивна акција против кого било, рече Путин.

Британската премиерка вчера побара од рускиот претседател екстрадирање на двајцата Руси кои Велика Британија ги смета одговорни за труењето во Солсбери.

Таа му се обратила на Путин дека Русија мора да ја прекине својата „неодговорна и дестабилизирачка активност“ со цел да се подобрат односите меѓу двете земји, кои се влошени поради наводното труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал на британска територија.

Тереза Меј истакна дека Британија останува отворена за подобри односи, но за да се случи тоа, руската Влада мора да избере поинаков пат.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте