АТП: Нема сина земја во 2013-та

Од:

По состанокот во Лондон, претседателот на Здружението на тениските професионалци, Бред Друит соопшти дека во 2013-та година ниту еден турнир нема да се игра на сина земја.

Оваа година Мастерс турнирот во Мадрид беше игран на сина подлога и наиде на големо негодување од Надал и Ѓоковиќ.

„По внимателно размислување, одлучив дека во 2013-та година нема да се играат турнири на сина земја иако многу верувам во иновациите и истражувањата во спортот, за истиот да напредува“, рече Друит.

Турнирот во Мадрид го освои Роџер Федерер, откако во финалето го совлада чешкиот тенисер Бердих.

Друит истакна дека е поубаво да се гледа тенис на телевизија, кога се игра на сина земја.

„Сината земја нуди многу подобра видливост на тв преносите, но постоеја јасни приговори на квалитетот на теренот во Мадрид, што е неприфатливо за еден турнир од Мастерс серијата 1000. Независно од бојата, ние мораме да обезбедиме терените на кои се игра, да бидат сигурни за тенисерите“, вели Друит.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех