Словенија и Хрватска пред судот во Стразбур поради банкарски долгови

Од:

Големиот совет на Европскиот суд за човекови права ја разгледа денеска тужбата на Словенија против Хрватска во врска со споровите пред хрватските судови кои ги покренала словенечката „Љубљанска банка“ поради наплата на долгови од хрватски компании создадени пред распаѓањето на СФРЈ.

Големиот совет, формиран од 17 судии, ги сослушал денеска на јавна седница владините претставници на двете земји. Претставниците на Хрватска барале да се отфорли тужбата како неоснована, додека словенечките го застапувале ставот дека судот треба да одлучува по нивната тужба.

Словенија тврди дека хрватските судови се „неправедни, недоволно непристасни и дискриминаторски“. Судот во Стразбур во текот на следните денови ќе одлучи дали ќе прифати да одлучува во овој случај.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами