Куман: Успех во Лигата на нациите би ни покажал дека одиме во вистинска насока

Од:

Холандскиот тренер Роналд Куман е задоволен од учеството на „портокаловите“ во финалето на Лигата на нациите против Португалија.

– Не постои напнатост, задоволство е. Ова е многу полесно отколку натпревар за трето место, станува збор за поставување и менталитет. На почетокот на овој турнир, кога паднавме во група со Франција и Германија, никој не очекуваше да стигнеме до финишот. Сега сме на прво место. Знаеме што ни треба. Знаеме да играме добар фудбал и да се браниме. Евентуална победа во ова финале не е како на светско или европско првенство. Еден успех би ни покажал дека одиме во вистинска насока, рече Куман.

Тој зборуваше за ѕвездата на Португалците, Кристијано Роналдо.

– Не само Вирџил ван Дајк и Матаис де Лихт можат да го запрат Роналдо. Тој е доволно добар да се справи против навистина класа дефанзивци. Неговата класа е на исклучително добро ниво и понекогаш е тешко да му се спротивставиш, рече уште Роналд Куман.

Би можело да ве интересира

Англија ја совлада Ирска

Македонија против Фарските Острови: Реми и многу промашувања

Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Катерина Ѓуровски

Бугарскиот селектор задоволен од жрепката во Лигата на нации

Ана Ололовска

Фудбалска пресметка на Македонија и Бугарија во Лигата на нации

А1он

Македонските фудбалери ја чекаат жрепката за Лигата на нации

Ана Ололовска