Португалија се соочува со Швајцарија во полуфиналето на Лигата на нациите. Дуелот е денеска во 20,45 часот,а победникот ќе се соочи со победникот од натпреварот помеѓу Холандија и Англија.
Досега, Португалците и Швајцарците се соочиле едни против други 22 пати. Скорот на „крстоносците“ е позитивен – 10 победи против 7 за „морнарите“. Нерешените се 5 на број. Последниот судир меѓу двете селекции беше за време на квалификациите на СП, кога тие разменнија по една победа.
Статистиката пред натпреварот сепак вели дека португалскиот тим е без пораз во последните 12 дуели на домашен терен.
Деби во турнирот ќе направи големата ѕвезда на актуелниот европски шампион, Кристијано Роналдо, кој ги пропушти дуелите од групата.
Инаку, за да дојдат овде, Португалците завршија во својата група пред Италија и Полска.
– Очекуваме тежок натпревар меѓу два противника кои сакаат да ја држат топката. Швајцарија, исто така, сака да игра со долги топки, извлекувајќи го најдоброто од квалитетите на фудбалерите како што се Саферовиќ и Шаќири. Тие имаат многу висок квалитет во составот. Но нашата работа е да размислуваме за себе. Играме дома и сакаме да ги израдуваме нашите навивачи, изјави тренерот на португалската репрезентација, Фернандо Сантош
„Крстоносците“ завршија први во својата група, оставајќи ги Белгија и Исланд зад себе. Надвор од сметките на Владимир Петковиќ ќе биде ветеранот Стефан Лихтштајнер.
– Португалија е фаворит, не зборувам само за овој меч, туку за турнирот како целина – играат дома и се шампиони на Европа. Можеби нашата селекција има потреба токму од финалето за да може да се бори против најдобрите, изјави Петковиќ пред дуелот.